Вистинска фудбалска вртелешка со многу интензитет, убави голови и акции гледаа навивачите на Ајнтрахт и Штутгарт во Франкфурт. Мечот заврши со неверојатни 4-5, а предноста неколкупати се менуваше на двете страни.
Поведоа домаќините со голот на Мадлунг, потоа Харник со два гола до полувремето му донесе предност на Штутгарт од 2-1. Гентнер зголеми на 3-1 за гостите, па следеше серија од 3 гола за Ајнтрахт што ја креираа Мејер, Ајгнер и Мадлунг, за водство од 4-3 на домашниот тим. Сепак на крајот играчите на Штутгарт се радуваа, а бодовите ги донесоа Вернер и Гентнер со голови во последните 10 минути.
Кризата во Дортмунд се продлабочи со нов пораз на Борусија, овојпат од Хановер. „Милионерите“ загубија со 0-1 и останаа во долниот дел на табелата со само 7 бода по 8 кола.
Резултати: Ајнтрахт – Штутгарт 4-5, Борусија Дортмунд – Хановер 0-1, Херта – Хамбургер 3-0, Аугсбург – Фрајбург 2-0, Хофенхајм – Падерборн 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.