Бесплатнo паркирање за жени во Центарот на Скопје. Ова е подарокот за скопјанки по повод 8 Март, Денот на жената. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ одлучи утре на сите припаднички на понежниот пол да им го честита празникот со бесплатно паркирање во текот на целиот ден на сите паркиралишта на јавното претпријатие.
Од претпријатието најавуваат дека ќе приредат и слатко изненадување за сите припаднички на понежниот пол кои ќе паркираат на паркиралишта на ЈП „ПОЦ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


