| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс во полуфинале, благодарејќи на Халеп

Serena Wiliams of the US returns the ball to Tatiana Golovin of France

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс (САД) сепак ќе игра во полуфиналето на ВТА Мастерсот во Сингапур. Таа пласман меѓу четирите најдобри обезбеди благодарение на Симона Халеп (Романија) која успеа да освои еден сет во поразот од Ана Ивановиќ (Србија). Тој сет што го изгуби Србинката пресуди Вилијамс место неа да оди во полуфиналната фаза.

-Одиграв добар меч, победив но не се пласирав понатаму. Поради тоа чувствата се помешани. Со две победи во три меча не успеав да се пласирам во полуфиналето и за тоа сум малку тажна, изјави Ивановиќ после победата над Халеп.

Резултати од 3.коло по групи:

Бела група:

Марија Шарапова (Русија) – Агњешка Радванска (Полска) 2-1, по сетови  7:5, 6:7 и 6:2.

Каролине Вознијацки (Данска) – Петра Квитова (Чешка) 2-, по сетови 6:2 и 6:3.

Црвена група:

Ана Ивановиќ – Симона Халеп 2-1, по сетови 7:6, 3:6 и 6:3.

Двојките за полуфиналните мечеви се: Халеп – Радвањска и Вилијамс – Вознијацки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top