| четврток, 6 декември 2018 |

Обезглавени тела, глави набиени на шилции… хорор во Сирија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

sirija-03

Обезглавени тела по улиците, човечки глави набиени на шилци, мртви тела врзани за ограда и минувачи кои се прават дека ништо не забележуваат… Никој не погледнува во она околу него. Секој се прави слеп за се што се случува… Ова е снимка од јули направена во главното упориште на Исламската држава, во сирискиот град Раки. Градот стана тврдина на озлогласените борци на ИСИЛ, откако во тој дел од земјата ја поразија војската на претседателот Башар Ал Асад.

Како што се објаснува во објавата на „Дејли меил“, на видео-репортажата се забележани ситуации во кои припадниците на ИСИЛ им зборуваат на децата да не ги слушаат своите родители и да им се придружат. Никој не смее да се побуни зашто ќе биде убиен…

– Се колнам во Бога дека ќе доживеете калифат како во пророштвото. Или бидете со Исламската држава или ќе бидете убиени – им порачува еден џихадист на група момчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top