| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на Гугл, Алан Јустас, скокна од работ на вселената и постави нов светски рекорд (видео)

eustace2_25102014_yt

Директорот на Гугл, Ален Јустас, скокна од работ на вселената и го проби звучниот ѕид и со тоа го собори рекордот што пред две години го постави Феликс Баумгартнер.

Тој вчера во апсолутна тајност скокна од височина од речиси 42 километри и постави нов рекорд, само две години по рекордот на Феликс Баумгартнер, кој сколна од височина од 39.044 метри.

Јустас (57), кој самиот го финансираше овој потфат, скокна од неверојатните 41.842 метри, а скокот од работ на вселената до тлото траел 15 минути, јавуваат агенциите.

Тој вчераутро, по локално време, со балон наполнет со хелиум, од Ново Мексико се искачил до стратосферата, од каде скокнал, а додека паѓал се движел со брзина поголема од 1.300 километри во секунда.

Тој носел специјално дизајниран скафандер, додека Баумгартнер се искачикал со капсула. Подготовките за овој потфат траеле 34 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top