Рафаел Надал е во опасна криза, го мачат и повреди, а се почести губи од противници што порано лесно ги победувал. Како сол на рана, стаса и одлуката да се повлече од мастерсот во Париз. Што се случува со еден од најдобрите активни тенисери? Одговорот од таборот на Шпанецот е дека во прашање е замор, но поразите се нижат во серија.
Денеска подобар од Надал беше хрватскиот тинејџер Борна Чориќ и тоа во два сета со 6-2, 7-6. Надал претходно испадна прерано на турнирите во Пекинг и во Шангај, што го оправда со проблеми со слепото црево. Кризата си го зеде данокот, Надал падна на третата позиција на ранг-листата, а како тргна со поразите можно е падот на 14-кратниот гранслем шампион да биде уште поголем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



