| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди демолирањето на „Дамар“

ВМРО-ДПМНЕ го осудува инцидентот во кој беше демолиран објектот Дамар и беа нападнати недолжни граѓани во старата Скопска чаршија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува, не поддржува и осудува секаков чин на насилство, насилничко однесување и агресија. За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат и виновниците да ги изведат пред  лицето на правдата.

Во таа насока, владејаќката партија апелира настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и откријат сторителите на овој настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top