
Анализите на Центарот за јавно здравје –Штип по случајот со труењето од слатки од една штипска слаткарница и еден супермаркет покажаа дека 18-те пациенти, кои пред три дена беа хоспитализирани на инфективното одделение во Клиничка болница – Штип не се заболени од салмонела.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Штип, Велик Грков, вели дека во брисевите што се земени од производствениот дел во слаткарницата се пронајдени ентеробактерии, односно фекални индикатори, кои укажуваат дека хигиената била на ниско ниво. Додека брисевите од еклери и тестата за торти биле негативни на бактерии.
Санитарниот инспектор денеска ја затвори познатата штипска слаткарница и издаде наредба да се изврши целосна дезинфекција на објектот, а од вработените повторно да се земат контролни брисеви.
Состојбата на пациентите што беа хоспитализирани на инфективното одделение во Штип е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


