Голема е веројатноста поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев само шест месеци да го носи дресот на турскиот гигант Галатсарај. Откако пред три дена, остро беше нападнат од турските медиуми поради очајната игра на натпреварот од Лигата на шампиони, се почести се шпекулациите за прекин на соработката и за кам-бек во италијанската Серија А.
Фудбалските медиуми на Апенините се убедени дека Пандев повторно ќе се врати во Серија А, но сега ќе го облече дресот на најпријатното изненадување во актуелната сезона, тимот на Сампдорија.
Калчолигашот од Џенова е моментално третопласиран на првенствената табела, без ниту еден пораз во првите седум кола од новата сезона, а најголем иницијатор за најавениот трансфер на Пандев е актуелниот предводник на Сампдорија, српскиот стручњак, Синиша Михајловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.