| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто повторно тој: Нова драма во режија на Балотели

Полицијата во Манчестер ќе поведе истрага против напаѓачот на Ливерпул Марио Балотели затоа што вербално нападнал жена со дете која сакала да се фотографира покрај неговото ферари при една посета во овој град.

baloteli

Како што пишуваат англиските медиуми, Балотели бил на посета на својата фамилија во Манчестер и откако се паркирал со своето Ферари, една жена со своето дете тргнале да се фотографираат покрај возилото. На тоа Балотели реагирал на само негов специфичен начин, најпрвин на нападнал вербално, а потоа и упатил неколку погрдни зборови и пцовки. По тоа жената повикала полиција.

– Добивме дојава за насилно однесување и во тек е истрага за инцидентот. Ќе ги испитаме сите учесници во оваа случка, по што ќе донесеме решение – стои во изјавата на полицијата на Манчестер.

За овој инцидент сеуште нема официјално соопштение од Ливерпул и Марио Балотели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top