Филмското студио „Дизни“ одлучи некои од легендарните дела од втората половина на 20. век да ги претвори во „живи“ филмски верзии. Станува збор за „Книга за џунглата“, „Пепелешка“, „Убавицата и ѕверот“ и „Дамбо“, кои се семо некои од анимираните филмови, базирани на фолклор и на бајките, кои во следните години ќе бидат адаптирани за големото платно.
По успешната адаптација на „Алиса во земјата на чудата“ која заработи повеќе од милијарда долари и модерката верзија на „Заспаната убавица“ со Анџелина Џоли, „Дизни“ во ова препозна и добра работа.
Филмската верзија на „Пепелашка“ е закажана за март идната година, а главната улога првобитно и била понудена на Ема Вотсон, но таа ја одбила, па изборот паднал на Лили Џејмс.
Планирани се два римејка на „Книга за џунглата“. Еден е на „Дизни“, а друг на „Ворнер Брос“. Премиерата на верзијата на „Дизни“ е закажана за октомври 2015, а филмот ќе се работи во комбинирана техника – со актери и со анимација.
Бајката на Ханс Кристијан Андерсен „Малата сирена“ ќе ја адаптира студиото „Универзал“, а режисер е Софија Копола. Наводно, Тим Бартон треба да работи на адаптација на „Пинокио“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.