| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто на Хаваи се шетаат луѓе по скафандери

astronaut

Три мажи и три жени осум месеци ќе бидат изолирани во една куќа на Хаваи и ќе се подготвуваат за идни астронаути за заеднички живот во вселената во текот на мисијата на Марс.

Научниот Кимберли Бинслед од Универзитетот на Хаваи изјавила „Идните астронаути сè уште не ги разбираат во целост сите психолошки ризици и начини за да ги избегнат. НАСА нема да ја почне мисијата на Марс сè додека не се реши тоа“.

Американската вселенска агенција планира првата мисија со екипаж да ја испрати на Марс пред 2030 година. Таа мисија би требало да трае најмалку две години.

Волонтерите што се веќе една недела во изолација, имаат многу мали спални соби во кои собира само кревет, стол и масичка. Куќата има 140 квадратни метри и е на две нивоа и се наоѓа на 2.400 метри надморска височина на еден хавајски вулкан, а околината потсетува на територијата на Марс.

Волонтерите имаат право на осум минути туширање еднаш неделно и можат да излезат надвор од куќата исклучиво во скафандер. Тие мораат четири пати неделно да излезат надвор и имаат за задача да ги извршуваат научните истражувања, како и на Марс.

Идните астронаути се внимателно избрани. Покрај високото образование мораат и да бидат сосема здрави и во стабилна психичка состојба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top