| четврток, 6 декември 2018 |

На жандармите што го нападнаа Андреј Вучиќ им се заканува 16 години затвор

андреј

Сослушувањето на четворицата нишки жандарми, осомничени за учествување во инцидентот во кој се претепани Андреј Вучиќ, брат на спскиот премиер Александар Вучиќ, како и Предраг Мали, брат на градоначалникот на Белград, Синиша Мали, и уште двајца припадници на единцината „Кобра“, одложено е поради штрајкот на адвокатите.

Тие, според соговорникот на српски Курир, се обвинуват за две кривични дела, а за секое од тие дела е предвидена казна од по осум години затвор.

– Тие се обвинуваат за спречување службени лица во извршување активности за безбедност и за мачење и малтретирање. Бидејќи за секое од тие дела е предвидена казна од по осум години затвор, ако се докаже нивната вина, осмоничените би можеле да добијат 16 години затвор – вели изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top