| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на канадскиот терорист тагува за жртвите, не за синот

теророст

Мајката на Мајкл Зехаф-Бибо, кој завчера отвори оган во парламентот во Отава и уби војник на должност, изјавила за АП дека тагува за жртвите од пукањето, а не за својот син.
Сузан Бибо во краткиот разговор рекла дека не знае што да каже за жртвите на нападот.
-Дали воопшто може вакво нешто да се објасни? Навистина ми е жал – рекла таа.
Напаѓачот, кој бил убиен од силите за безбедност за време на нападот и така го прекинале неговиот крвав поход, бил идентификуван како Мајкл Зехаф-Бибо, Канаѓанец, кој преминал во ислам и планирал да ја напушти земјата и да оди на Блискиот Исток. Зехаф-Бибо и претходно ѝ бил познат на полицијата и има криминално досие, а властите му го одземале пасошот бидејќи бил потенцијален терорист.
И покрај инцидентот, членови на канадската влада решиле денес да се вратат на вообичаената работа, но со засилени мерки за безбедност, јавува „Ројтерс“.
– Со ова се праќа јасна порака за решителноста на Канада да го одржи својот слободен и демократски начин на живот – порачал во соопштението претседателот на парламентот Ендру Шир.
Во меѓувреме, била разрешена конфузијата за можност од повеќе напаѓачи.
– Имало само еден напаѓач – рекол еден полициски службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top