| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Вергера и Ник Лоеб се разделија – повеќе ја сакала кариерата од семејството

Разделбата на познатата актерка Софија Вергара од нејзиниот доскорешен вереник Ник Лоеб имаше многу неразјаснети моменти, но сега Ник детално опиша што била главната пречка во нивниот однос.

Триесет и деветгодишниот публицист вели дека најплатента ТВ актерка била премногу фокусирана на кариерата, а не на семејството.

Во неодамнешното интервју за магазинот „In Touch“, Ник објасни дека глумицата, која веќе има син, била заинтересирана само за својата кариера, додека тој сакал да засноваат и семејство.

– Таа е толку фокусирана на својата кариера. Моето видување на животот е поинакво. Јас сакам да се оженам и да имам деца, рече Ник.

– Меѓутоа, јас ја разбирам. Таа е на врвот на својата кариера и токму како што и самата на неколку пати има кажано, го користи секој момент на слава бидејќи кој знае колку ќе трае – додаде тој.

Ник кажа и дека Џо Манганиело, новиот дечко на Софија, е многу подобар избор за актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top