Еврокомесарот за проширување во заминување, Штефан Филе, вечерав изјави дека Европската унија не бара од Србија да го призна Косово.
-Позицијата на ЕУ останува иста како и минатата година, кога ја усвоивме преговарачката рамка. Тогаш кажавме дека очекуваме продолжување на нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово. Ниту тогаш баравме признавање на Косово, ниту тоа го бараме денеска, рече Филе на прес конференција.
Тој изјави дека ЕУ едноставно бара овој процес да се движи кон целосна нормализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


