| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме на Балканот најавено за вечерва

Во Хрватска веќе дојде до голема промена на времето, откако во изминатите денови метеоролозите најавуваа голем пад на температурите. Ноќеска околината на Загреб ја зафати силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во Горски котар е регистриран првиот снег.
Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. Граѓаните се предупредени дека се можни оркански ветришта кои на одделни места можат да достигнат брзина од 120 километри на час.
 – Црвеното предупредување значи дека времето е исклучително опасно. Се прогнозира исклучително интензивен метеоролошки настан. Голема штета и незгоди се можни на големо подрачје и тоа во најголемиот број случаи ќе бидат опасни по живот. Често информирајте се за очекуваните метеоролошки услови и ризици. Следете ги наредбите и советите дадени од страна на државните тела во било кои услови и бидете подготвени за вонредни мерки, наведува Метеоалармот во предупредувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top