| четврток, 6 декември 2018 |

Санкции за инволвираните во инцидентот на аеродромот „Внуково”

тотал

Андреј Ѓаковица и Сергеј Солнцев ги врачија оставки поради катастрофата на авионот “Фалкон”, во која загина шефот на еден од најголемите нафтени концерни во светот “Тотал” Кристоф де Маржери.

Во меѓувреме судот одлучи да биде уапсен виновник за инцидентот, возачот на машината за чистење снег кој бил пијан. Апсењето уследи откако тоа го побара истрагата поради опасноста од криење на виновникот.

Во исто време не бил откриен алкохол во четворицата службеници на аеродромот, кои се уапсени поради несреќата. Тоа се главниот инженер на аеродромот Владимир Леденев, шефот на летови Роман Дунаев, диспечерите Александар Круглов и стажирантката- диспечерка Светлана Кривсун. На денот на несреќата Леденев раководел со работата по чистењето на пистите од снегот, а Дунаев, Круглов и Кривсун – воздушниот сообраќај. Тие се осомничени дека не обезбедиле исполнувањето на барањата за безбедност на летовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top