Фудбалската асоцијација на Англија ќе почне истрага за наводните навреди на расна основа од фудбалерот на Лидс Јунајтед, Џузепе Белуши, пренесуваат англиските медиуми.
Фудбалерот на Норич, Камерон Џером, го обвини Белуши дека го навредувал на расна основа при натпреварот меѓу Норич и Лидс Јунајтед. Џером се реагирал кај главниот судија на натпреварот Марк Клатенбург, жалејќи се дека 29-годишниот италијански интернационалец Белуши го навредува.
-Ќе започнеме истрага за наведените обвинувања и тоа е се што можам да кажам во овој момент. Истрагата нема да биде временски ограничена, изјавил портпаролот на ФА, за англиските медиуми.
Идентична изјава имал и Нил Адамс тренерот на Норич, кој потврдил дека неговиот фудбалер бил мета на расни навреди.
Инаку, натпреварот меѓу Норич и Лидс Јунајтед заврши без победник 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


