Борусија Дортмунд го декласира Галатасарај со 4-0 во Истанбул, а Горан Пандев броеше до три во дресот на турскиот гигант. Македонскиот интеренационалец беше стартер во составот од Истанбул, но немаше позначаен ефект, па беше заменет во 68. минута при резултат 3-0 за противникот од Дортмунд.
Обамајанг со два гола до 18. минута најави триумф на Борусија, а тритре бода ги потврдија Ројс со еврогол и Рамос за уверливи 4-0. Атлетико Мадрид беше најефикасен вечерва и славеше со 5-0, а стрелците беа различни. Коке, Манџукиќ, Гризман, Годин и Черчи ја тресеа мрежата на Малме.
Во големото дерби Реал Мадрид лесно го совлада Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со 3-0. Кристијано Роналдо го постигна првиот гол, негов 70-ти во Лигата на шампионите со што дојде на само еден чекор од Раул Гонзалес, кој е прв на вечната листа на стрелци со 71 гол. Карим Бензема со два гола ја запечати победата на актулениот европски првак.
Изненадување направи Олимпјакос со триумф над Јувентус од 1-0, а „старата дама“ ја кутна стружанецот Пајтим Касами со погодок во финишот од првиот дел.
Сензационален пораз во финишот на дуелот во Брисел спречи Арсенал со двата гола на Гибс и на Подолски во 89. и 91. минута. Нахер најави победа на Андрелехт, но англискиот премиерлигаш се извади во самиот финиш.
Лудогорец во стилот на Арсенал со гол на Минев во 92 минута го победи Базел, а Монако и Бенфика одиграа без голови. Во Леверкузен Баер со 2-0 го победи Зенит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


