Виена доби нова Главна железничка станица. На отварањето присуствуваше целиот државен врв на Австрија. Градењето траеше пет години а а новата станица чини околу милијадра евра. Од 14 декември таа ќе го преземе севкупниот меѓународен сообраќај.
Архитектонски, новата станица не располага со монументалност како другите станици, туку предноста ја отстапува на функционалноста. низ оваа станица ќе сообраќаат околу 1100 возови, а ќе ја опслужуваат околу 20 илјади работници во и околу неа.
Градоначалникот на виена порача дека градот се ангажира за мобилност која не штети на животната средина. Потсетувајќи дека дневно доаѓаат околу 250 илјади патници кои работат во Виена и дека тие од тука подобро можат да го користат јавниот градски превоз. За пример, со измената на возниот ред, од Линц до Виена, односно од аеродромот до градот ќе се стасува за час и 47 минути, што е за 20 минути побрзо од досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонските возови од наредниот месец нема да сообраќаат надвор од државава
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена


