| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува пејачот Мартин Србиновски

martinrazvod

Љубовната идила на пејачот Мартин Србиноски или во јавноста познат и како Мартин Мила заврши. По четири години поминати во брак, Србиноски се раздели од сопругата Милица. Според Телеграф, наскоро ќе започне и бракоразводна постапка.

– Мартин и Милица веќе неколку месеци не живеат заедно, поточно таа се врати кај нејзината мајка, а Мартин остана во станот во кој претходно заедно живееја – изјавил пријател на пејачот.

Мартин првично не сакал да коментира, за подоцна да признае дека со неговиот брак е веќе завршено.

– Не знам каква изјава очекувате, само ќе кажам дека сме сите живи и здрави, а тоа нели е најважно – изјавил Мартин.

Тој за својата љубов во еден период од животот се пресели во Охрид. Со Милица ја имаат ќеркичката Мила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top