
Атанаска Јотова е самохрана мајка на 3 деца, која не можеше да ги задржи солзите од радост и благодарност и се расплака пред камерите на Бугарската TV7 зборувајќи дека нема пелени и храна, а сега е затрупана со подароци.
Таа претходно даде потресна исповед и призна дека има и такви, кои ја нарекуваат “курва“ и ја навредуваат.
-Не сакам пари и друго, освен храна и пелени за малите. Тоа е-толку! Таткото не доаѓа да ги види, иако се враќа во Бугарија кај своето семејство, сподели Атанаска.
Куќата на жената од Скутаре е полна со картони и коверти со дарови, а таа не може да дојде при себе од радост.
-Има многу добри луѓе. Трогната сум од овие работи, благодарам на сите од срце и им посакувам се најдобро да им се случи, рече возбудената мајка.
Не го решија тоа инстуциите во Бугарија, туку репортажата на телевизија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димков: Самохрана мајка почина бидејќи остана без работа, за вие на нејзино место да вработите ваша активистка
-
Самохраната мајка избркана од АХВ поднесе жалба:Многу докази ќе го потврдат моето присуство на работа
-
ЕУ да го спречи политичкиот прогон: Жртви на лудилото на СДС се самохрани мајки
-
Да го отвориме срцето, потребни сме ѝ на Наташа


