Јавно бараме Европската унија да го спречи прогонот што се врши врз вработени во државната администрација само затоа што не се членови на СДС, изјави денес од прес-канцеларијата на ЕУ Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Жртви на лудилото на СДС се самохраната мајка Ристенка Атанасова, Бранка Шишовска од Берово, Роза Јаневска од Неготино, Весела Честоева, самохраната мајка Катерина Матиќ и уште десетици други жени, професионалци и докажани во својата дејсност. Жртви на партискиот прогон на СДС се и уште стотици други, кои новите раководни кадри на партијата на власт ги малтретира, им се заканува и им врши мобинг само затоа што се вработиле изминатите години. Овие жени и самохрани мајки остануваат на улица. Режимот на СДС без никаква причина и аргумент ги отстранува од работните места и ги остава без егзистениција нив и нивните деца – вели Ласовска.
Таа посочува дека режимот на СДС не го интересира тоа што овие жени се докажани во својата област и со години имаат огромен придонес во институциите во кои работеле.
-За режимот на СДС сите имаат смртен грев, а тоа е што не размислуваат политички како Зоран Заев.
Сведоци сме дека, освен што се спроведува брутално партизирање на институциите, од друга страна долгогодишни професионалци се бркаат од работа бидејќи вршеле функции или биле вработени во изминатите десет години. Сето ова е политички и партиски инспирирано. Впрочем гледаме на дело како се спроведуваат заканите на Зоран Заев дека ќе ги брка вработените во администрацијата на клоци, а ќе партизира сè од чистачка до министер во институциите.
Ако на ова се надоврзе и изјавата на пратеникот од СДС, Курто Дудуш, кој јавно говореше дека партиската книшка на СДС ќе биде основа за вработување, тогаш граѓаните со право се загрижени дека ова што сега се случува е најава за фашизмот и едноумието кое новата власт почнува да го инсталира.
Апелираме до Европската унија да реагира за оваа штетна политика на СДС и владата која таа ја предводи. Ваквата брутална партизација и политички прогон на кој сме сведоци сите е крајно неморална, нелегална и на крајот на краиштата штетна по иднината на професионалната државна администрација. Очекуваме Европската унија да застане на патот на ова лудило на СДС кое е инспирирано и диктирано од Зоран Заев со неговите изјави од минатото, вели Ласовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.