Израел е загрижен од можноста мировните сили на ОН да се повлечат од Голанската Висорамнина откако сириски бунтовници киднапираа 21 припадник на нивната мисија во зона на прекин на оган. Филипинските припадници на мировните сили УНДОФ вчера беа киднапирани од вооружени напаѓачи кои наведоа дека ќе ги држат во заложништво сè додека силите лојални на сирискиот претседател Башар Асад не се повлечат од селата Џамла во провинцијата Дара на југ во Сирија. Бунтовниците, исто така, ги обвинија силите на ОН дека го фаворизираат Израел.
– Тоа киднапирање, веројатно, ќе мотивира држави кои имаат свои војници во мировни сили да ги вратат своите сили дома што би било опасен вакуум на ничија земја на Голанската Висорамнина. Мировните сили од своето основање ја исполнуваат својата мисија – зачувување на мирот – изјави неименуван израелски висок дипломат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Израел објави снимки од проирански ракетни бази во Либан
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Парламентот го прогласи Израел за национална држава на еврејскиот народ
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија


