На 27 октомври легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ќе стане член на Сојузот на писателите на Русија. Истиот ден Москва ќе биде домаќин на презентацијата на книгата на Тајсон “Безмилосна вистина”. На Мајк во отсуство ќе му биде дадена членска карта за Сојузот на писателите на Русија. Тајсон ќе ја посети Москва во ноември и ќе биде гостин на боксерска вечер на која ќе учествува поранешниот светски шампион Руслан Проводников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.