| четврток, 6 декември 2018 |

Американците воведоа нови правила за патници од Западна Африка

ebola

Според новите американски правила кои стапија на сила, патниците кои доаѓаат од земјите кои се погодени со ебола, мора да слетаат на еден од петте аеродроми.

Патниците од Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја мора да дојдат на аеродромот „О’ Хара“, „Џон Ф. Кенеди“, „Њуark“, „Вашингтон“ или „Атланта“ каде што ќе бидат прегледени.

Светската здравствена органиција (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок. Еболата досега усмрти 4.500 лица. Поголемиот дел од заболените се од Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

На патниците од овие земји им се мери телесната температура, иако стручните лица предупредуваат дека овие мерки не се најдобри. Новите безбедносни мерки се резултат на загриженосост во САД, каде што тројца се инфицирани, а еден почина.

Итниот состанок на СЗО ќе се одржи во Женева, а ќе се разговара за дополнителни мерки во борба против еболата во Западна Африка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top