Влијателната медиумска дама Опра Винфри и актерот Нил Патрик Харис, кој ќе биде водител на следната церемонија за наградите “Оскар”, се наоѓаат на листата на најгламурозни личности за 2014 година, подготвена од новинарката Барбара Волтерс. Волтерс ги избира финалистите меѓу имиња кои се најчесто присутни во водечките медиумски наслови во изминатите 12 месеци.
Кој е најдобар, ќе се знае непосредно пред Божиќ. Тогаш телевизија ABC ќе емитува специјалното шоу -” Барбара Волтерс ги претставува 10 -те најгламурозни личности на 2014 година “.
” Воодушевена сум дека од ABC побараа повторно да се подготви список. Знам дека соопштивме дека минатогодишната епизода ќе биде последна, но има толку гламурозни личности кои заслужуваат да бидат почестени “, вели Барбара Волтерс .
На листата на новинарката за 2014 година свое место имаат и комичарката Челзи Хендлер и актерката Скарлет Јохансон. Останатите имиња ќе бидат објавени во следните неколку недели. Специјалната епизода во која ќе стане јасно која е најгламурозната личност на годината, ќе биде емитувана на 14 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.