| четврток, 6 декември 2018 |

Пропусти на одговорните, причина за несреќата во која загина претседателот на „Тотал“

тотал
 Авионската несреќа во која загина претседателот на францускиот нафтен гигант „Тотал“, Кристоф де Маржери (63), на московскиот аеродром „Внуково“, е последица на пропусти во работата на управата на аеродромот.

– Не се работи за трагичен сплет на околности, туку за кривично дело на одговорните лица кои не успеале да ја усогласат работата на нивните вработени – се наведува во соопштението на управата. 

Во него се додава дека некои членови на управата би можеле да се обидат да и пречат на истрагата и поради тоа ќе бидат суспендирани. 

Приватниот авион во кој беше претседателот и генерален директор на „Тотал“ во понеделникот вечер при полетувањето се судри со возило за чистење на снег. Покрај де Маржери во несреќата загинаа и тројца членови на екипажот. 

Според руските истражители, возачот на возилото за чистење снег, кој е во притвор, бил пијан во моментот на несреќата, што неговиот адвокат го негираше. 

Како можни причини за несреќата истражителите ги навеле и грешка на контролорите за летот, лошите временски услови и грешка на пилотот. 

Контролорите на летот ќе бидат испитани во врска со конзумирање алкохол и други супстанци. 

-Иако веќе имаме осомничени, очигледно е дека зад невнимателноста на директните сторители стои повисокото раководство на Аеродромот, чие делување или неделување ќе биде разгледано во текот на истрагата – се наведува во соопштението од аеродромот „Внуково“ и се додава дека не се исклучува можноста од приведување и на други лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top