На социјалните мрежи денеска циркулира плакат со кој се повикуваат сите Албанци во земјава да учествуваат на протестите што, според неофицијалните најави, треба да се одржат утре.
Иако и политичките партии и ИВЗ се оградија од протестите, на плакатот кој го подготвил и го дистрибуира лицето Џ.И., кој по потекло е од Липково, а живее во главниот град на Белгија, Брисел, се повикуваат сите Албанци на национален протест на 8 март. На протестот треба да се побара стоп за монтирани судски случаи (се мисли на судењето за Смиљковско езеро) и запирање на наводната национална и верска дискриминација. Авторот на плакатот за себе вели дека е веб-дизајнер и архитект и дека е дел од хакерска група што напаѓала македонски веб-портали.
Според плакатот, на протестот треба да се побара оставка од македонските националисти и се бара демократија и правична застапеност. Дополнително, на плакатот, во кој се вели и дека религијата мора да биде над сè, се бара да се биде горд Албанец и верник.
На видеото објавено на „Јутјуб“ од авторот на плакатот во неколку сцени се гледаат пиштол и рафална стрелба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


