| четврток, 6 декември 2018 |

Новак: Нашиот ангел се вика Стефан!

новак

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена на синот му го дадоа името Стефан.

-Нашиот ангел Стефан се роди. Многу сум горд на мојата преубава сопруга Јелена. Ви благодарам на сите за поддршка – напишал гордиот татко на Твитер.

Новак, по повод радосната вест се огласи и на Фејсбук.

-Ние сме тројка и пресреќни сме!!! Горд сум на на мојата прекрасна сопруга која го роди нашиот прв ангел Стефан. Ви благодарам  на сите – напишал Новак, а честитки пристигнаа од сите страни.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top