Лидерот на мексиканскиот нарко картел Голфо – Хуан Франциско Саенц – Тамес бил уапсен од американските федерални агенти, јавува Интерфакс. Вработените во силите за безбедност го уапсиле лидерот на криминалната банда, додека тој пазарел во продавница во градот Единбург, Тексас. Саенц -Тамес е осомничен за шверц на стотици килограми марихуана и кокаин од Мексико во САД. Мажот во моментов се наоѓа во притвор во Тексас и му се заканува доживотна казна затвор. САД се надеваат да го конфискуваат неговиот имот, кој се проценуваат на 100 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


