Четири тела на бебиња се пронајден во едно изнајмено складиште во градот Винипег во западна Канада, соопшти локалната полиција.
Во соопштението се наведува дека полицајците испитуваат одреден број лица во рамки на истрагата за откриените тела, додека истовремено патолозите вршат обдукција.
– Премогу е рано да се каже што се случило, изјави на прес-конференција полицискиот началник Ерик Хофли, кој откривањето на телата го опиша како вознемирувачко и неверојатно трагично.
Хофли додаде дека во полицијата изминатиот период не е пријавен ниту еден случај на исчезнување на бебиња.
Полицијата истакна дека телата на бебињата ги пронашле вработени во компанијата, која го изнајмила складиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



