| четврток, 6 декември 2018 |

Половина литар „кока-кола“ бара шест и пол километри трчање

koka-kola

За да се стопат калориите од половина лиатар „кока-кола“ треба да се претрчаат шест ипол километри. Шише „кока-кола“ од половина литар содржи 210 калории што е повеќе од една десетина од потребниот внес на калории за жените.

Научниците тврдат дека поголемиот број на луѓе не читаат информации за калориите кои се наоѓаат на амбалажите на производите и не ги разбираат како пораки кои се важни за нивното здравје.

Затоа  се предлага поинаков начин – да се информираат луѓето дека им е потребно да трчат 42 минути, односно околу шест ипол километри за да ги стопат калорите кои содржат половина литар „кока-кола“. Истражувачите од „Џон Хопкинс Блумберг“ од школата за јавно здравје во Балтимор открија дека на тинејџерите на кои им е соопштена оваа информација одбрале поздрави пијалаци или помали шишиња.

Тие тврдат, дека ако на менито пишува дека еден двоен чизбургер бара прошетка од осум километри за топење на сите калории, луѓето би одбрале помал хамбургер кој содржи помалку калории.

Истражуачкиот тим поставил знаци во шест продавници во Балтимор претставувајќи ги фактите за газираните пијалоци. На знаците пишува дека за согорување на 250 калории потребни се 50 минути активност.

Резултатот од ова истражување беше пораст на продавање на здрави пијалаци и вода, а драстичен пад на продажбата на калоричните сокови особено од страна на младите луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top