
Холивудскиот актер, Бред Пит им ја откри на новинарите причината зошто се оженил со долгогодишната партнерка Анџелина Џоли.
– Децата секогаш прашуваа за бракот меѓу нас, и дојдовме до заклучок дека би било убаво тоа да го направиме – рече Пит, пренесуваат американските медиуми.
Тој додаде дека со Анџелина планираат дворецот во Франција каде се венчаа да го трансформираат во семеен дом.
– Ние сакаме нашите деца лесно да ги однесеме до Азија и Африка за да можат да видат некои од местата каде што работела Енџи, наведе Пит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


