| четврток, 6 декември 2018 |

„Жешката пица на госпоѓа Мица“ – нов македонски порнофилм

hotpizzadeliverygirlmakesboypayinsex
Новата порносцена во продукција на „Валијант“ е насловена како „Жешката пица на госпоѓа Мица“. Во неа глумат македонски актери и е снимена на домашен терен, во атрактивен стан во една скопска населба. Ова е четврти проект за возрасни на Горан Милиќ, познат продуцент, режисер и сопственик на секс-шоповите „Валијант“, кој за „Дневник“ открива детали од проектот.
– Kомедијата како жанр е нов тренд во индустријата за возрасни и затоа се одлучивме за вакво сценарио. Дама од Скопје во момент на досада и монотонија во бракот, порачува пица. Во испораката момчето наоѓа добра секс-авантура. Сценариото е од секојдневниот живот. Ова може да го доживее или во најмала рака да го посакува секоја домаќинка – објаснува Милиќ

На кастингот се појавиле повеќе мажи отколку жени, а во филмот играат аматери за кои допрва ќе се размислува дали имаат капацитет за интернационална кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top