Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, милијардерот се појавил во еден порно филм на „Плејбој“.
Филмот содржи сцена во која Трамп, во друштво на уште неколку луѓе, отвора шише шампањско и со пена ја прска лимузината на која пишува „Плејбој“.
– Убавината е убавина, да видиме што се случува со Њујорк – ѝ вели Трамп на екипата од „Плејбој“ која дошла да го посети градот. Иако улогата на Трамп во филмот не е сексуална, но во останатите сцени се појавуваат голи жени кои позираат во сексуални пози, танцуваат, се допираат, се галат и капат, поради што ја носи етикетата „мек“ порно-филм.
Филмот е снимен во 2000 година, кога луѓето од „Плејбој“ патувале по САД и посетувале разни градови во потрага по зајачица на годината. Трамп во таа сцена глумел нивен домаќин во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.