| четврток, 6 декември 2018 |

Први снимки од уривањето на авионот при што загина директорот на „Тотал“

fliker

Возачот на машината за чистење снег, со која ноќеска се судри авионот „Фалкон“, на московскиот аеродром „Внуково-3“’, бил пијан, изјави денеска за ТАСС портпаролот на федералната истрага Владимир Маркин.

– Освен тоа, повеќемина вработени на аеродромот може да бидат ослободени од нивните службени задачи, додека не се оформи кривично дело, прецизира тој.

Агенцијата за цивилно воздухопловство во Москва почна кривична истрага за непочитување на нормите за безбедност во воздушниот транспорт поради небрежност, што довело до смрт на две и повеќе лица.

Според првичните податоци на истрагата, „Фалконот“, со четири седишта, доцна синоќа полетал од Москва за Париз, но при полетувањето закачил во машината за чистење снег, по што се запалил и паднал на пистата.

Во несреќата загинаа тројцата членови на екипажот на авионот и единствениот патник – директорот на француската нафтена компанија „Тотал“ Кристоф де Маржери, потсети ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top