| четврток, 6 декември 2018 |

Штип: Тринаесет лица, меѓу кои и деца, заболени од салмонела

На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница за два дена се хоспитализирани 13 пациенти со симптоми на салмонела.

salmonela

Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска, ја потврди информацијата и изјави дека од примените пациенти три се деца на возраст од шест до 11 години.

Надлежните институции засега не соопштуваат каде е изворот на салмонелата, но, според првичните неофицијални информации, поголемиот дел од пациентите јаделе еклери.

Симптомите предизвикани од салмонела се болки во стомакот, мачнина, повраќање и дијареа, а може заболениот да има зголемена температура, да чувствува малаксаност, жед и вртоглавица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top