| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија, запленети 50 тони пилешко месо со салмонела

Албанската национална агенција за храна запленила 50 тони пилешко месо заразено со салмонела.

Резултатите од анализата на месото покажале високо ниво на салмонела во примероците и веднаш е почната процедура за враќање на месото во Бразил.

Во текот на оваа година, блокирани се и вратени пет други контејнери со 130 тони месо увезено од Бразил, објавија локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top