| четврток, 6 декември 2018 |

Адел непрепознатлива

adel oslabena

Пејачката Адел се појавила во јавноста и тоа видно ослабена, во друштво на својот сопруг, а папраците кои чекале пред ресторанот едвај ја препознале.

Адел во 2012 година се породи и на свет го донесе својот прв син од партнерот Сајмон Конецки. Таа се повлече од јавноста уште од периодот кога забремени. Во едно од последниот интервјуа кои ги има дадено, изјавила дека е во „креативна криза“, затоа  што животот и е исполнет, а најубавите песни ги пишувала кога била емотивно повредена.

Секогаш во изјавите истакнувала како нема проблем со својот изглед, а поради тоа и била во конфликт со Карл Лагерфилд, кој има изјавено дека Адел е „малку предебела“ за негов вкус.

Сега Адел се појавила со видно повитка става и нејзините верни обожаватели се надеваат на нов албум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top