| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни промени на лицето на оскаровката

Рене Зелвегер покажа видно променето и непрепознатливо лице. Оскаровката, наместо со успешни улоги, се истакна со низа операции на лицето

Првите чекори како актерка Рене Зелвегер ги направила во реклама за пиво во Тексас. Со заработените пари се упатила во Лос Анџелес не сонувајќи дека еден ден ќе стане позната светска актерка. Но, таа со улогата на немажена жена и несмасна новинарка Бриџит Џонс стекна обожаватели од целиот свет, а за неа за краток период се здебелила десет килограми.
Во тој период се појавиле и првите проблеми со килограмите, и првите промени на нејзиното лице. Пластичните операции и ботоксот послужија да ја намали отеченоста на лицето како резултат на добиената прекумерна тежина.
Десет години по добивањето на првиот „Оскар“ за споредна улога во филмот „Студената планина“, актерката веќе не личи на себе. На последниот црвен тепих Рене ја шокираше јавноста со неприродниот лик.

rene 1rene 2rene 3rene 4rene 6rene 2004

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top