| четврток, 6 декември 2018 |

Мис на Македонија ќе се избира на хуманитарен бал

На седми ноември во хотелот „Александар палас“ во вид на хуманитарен бал ќе се одржи Изборот на мис на Македонија, под паролата „Убавина со цел“, каде што за оваа титула ќе се борат 15 кандидатки кои ќе бидат претставени само под нивното име.

Парите од влезницата, која ќе чини 100 евра, ќе се донираат за спас на болно дете со малигно заболување на панкреас, а дел од парите ќе одат и за претставувањето на победничката на мис на светот во Лондон, кој ќе се одржи на 14 декември.

Ова на прес во Скопје го најавија Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести и Лидија Велковска, организаторка на домашниот избор и сопственичка на лиценцата за мис на светот.

press-za-mis-na-makedonija-5

– Треба да му ја вратиме насмевката на ова дете, но дел од средствата ќе донираме и за една наша колешка, која, исто така, страда од малигно заболување, нејзиното име сите го знаете – рече Софијанова.

Лидија Велковска додаде дека мис на Македонија треба да ја има улогата на добра вила, како во детските соништа.

press-za-mis-na-makedonija-4

– За да не се деградираат девојките и за да не служат како потсмев на социјалните мрежи, на дефилето ќе бидат претставени само со име, без презиме. Исто така, кандидатките пред гостите ќе прошетаат само во тоалети на познати модни креатори – изјави Велковска.

На хуманитарниот бал ќе настапат познати македонски ѕвезди, како и една балканска со која сѐ уште се во преговори.

 

 

 

 

 

press-za-mis-na-makedonija-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top