Танчарите на „Брејк а лег“ остварија огромен успех на Европскиот куп во модерни танци победувајќи во категориите: хипхоп-групи (деца, јуниори и сениори), хипхоп-формации – јуниори и хипхоп-соло – возрасни – Благоја Тодоровски , а голем успех остварија и Бојана Арсовска, која освои сребрен медал во хипхоп-соло – деца , како и Ангела Нешовска и Деана Антевска, кои изборија пласман во финале во хипхоп-соло – жени.
Ова е само уште една потврда за квалитетот на македонските танчари, кои пред неполн месец на Светското првенство во Германија завршија меѓу најдобрите 10 во светот.
Натпреварот се одржа во Сараево (18.10.-19.10.2014) на кој учество зедоа 18 земји и истиот беше во организација на светската танцова организација- IDO (International Dance Organization).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)