| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба едвај оди

bora-corba-parovi

Минатата недела Бора Чорба доживеал шок кога нозете му се одземале, односно не ги чувствувал, па завршил в болница. Пејачот на „Рибља чорба“ имал проблеми со долниот дел од половината затоа што му бил приклештен нерв, па поради тоа имал неподносливи болки, поради кои бил хоспитализиран.

Бора го повикал напомош својот менаџер Гане Пецикоза, кој веднаш го одвел в болница каде што му е дијагностицирана ишијалгија. Лекарот веднаш му препишал коктел инјекции, таблети против болки, со задолжителна терапија, која подразбира масажа со ултразвук.

– Не знам како дојде до ова, само ме зболи во грбот и нозете. Трпам ужасни болки, но се надевам дека со помош на терапија и инјекции брзо ќе ми помине – изјавил тој за „Скандал“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top