| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка од Министерството за одбрана за акцијата на МВР

Министерството за одбрана на Република Македонија целосно ја поддржува истрагата која ја спроведува Министерството за внатрешни работи и целосно е отворено за соработка со оваа институција за расветлување на случајот. 

lisici apsenje mafija

– Во интерес на истрагата, Министерството за одбрана ќе се воздржи од натамошни коментари и информации, стои во денешното соопштение од МО, во врска со полициската акција во која се приведени осум поранешни функционери од одбраната и бизнисмени, осомничени дека проневериле неколку милиони долари.

Тие се товарат дека криминалот го направиле при сервисирање на хеликоптери.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, придава високо значење на интегритетот на вработените во Министерството, на припадниците на АРМ и на компаниите со кои соработува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top