| четврток, 6 декември 2018 |

Јована Јоксимовиќ: Помирна сум откако го имам синот

jovana-jankovic-zeljko-joksimovic

Згодната водителка изјавила дека многу се променила откако станала мајка.

– Порано постојано некаде брзав. Мислам дека сега сум многу посмирена и дека емитувам поинаква енергија – изјавила Јована Јоксимовиќ за еден портал со кој соработувала за моден едиторијал.

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, исто така, изјавила дека секогаш стрепи како ќе излезе на фотографиите и дека ѝ е потребно повеќе време за да се отпушти за позирање пред фотообјективот.

Таа признала и нешто неочекувано, а тоа е дека многу и пречи облека што ја стега, а, исто така, и елегантната гардероба во која изгледа убаво на јавни места.

– Сакам да носам широки модели и џемперчиња, капутите не ги сакам и ги немам во својот гардеробер – изјавила убавата водителка.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top