| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден експратеник од СДСМ меѓу уапсените во денешната полициска акција

8e97b2bba1b19a429196a89ac2854a8fИ експратеникот од СДСМ, Душан Николовски, е меѓу осомничените за криминал, тежок 2,5 милиони евра, кои полицијата ги уапси утрово. Николоски во два мандати бил пратеник во македонското Собрание од редовите на СДСМ во периодот 1991 до 1998 година. По расколот во СДСМ, Николовски заминува во редовите на НСДП, партија од која во 2009 година беше кандидиран за градоначланик на Пробиштип.

Тој е магистар по рударско-геолошки работи. Бил директор на повеќе компании, меѓу кои рудниците „Злетово“, РМХК, „Злетово-Саса“, како и компанијата „Сувенир“ – Самоков.

Се сомничи дека заедно со уште 8 лица преку офшор- компании испрал околу 2,5 милиони долари.

Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес, со роднините и директорот на компанијата „Сувенир“ – Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово за криминал тежок 2,5 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top