Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес, со роднините и директорот на компанијата „Сувенир“ – Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово за криминал тежок 2,5 милиони долари – велат неофицијалните информации. Утринава МВР спроведе акција поради сомнение дека осомниченте преку голем број во странство и нерезидентни сметки го оштетиле буџетот за 2,5 милиони долари.
Нелко Менкиновски порано важеше за близок соработник на Владо Бучковски, додека тој беше министер за одбрана. Тогаш Менковски работеше и во истото министерство. Неговото име е меѓу осудените во аферата „Тенковски делови“, за што доби 2 години затвор во првостепената постапка, а Аплација му ја намали казната на условно.
Ванчо Георгиев, поранешен пратеник од редовите на Собранието од СДСМ и сопственик на фирмата „Деликатес“, беше еден од најголемите финансери на сегашната опозиција и сопственик на фирмата „Деликатес“, со која во деведесеттите години финансираше и кошаркарски клуб од Кочани. Горгиев во моментов работи во градежниот бизнис.
Покрај Геориев, уапсени се и членови на неговото семјество.
Меѓу познатите бизнисмени што се сомничат за перење пари е и директорот на „Сувенир“ – Самоков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.