| четврток, 6 декември 2018 |

Алергична на 21 век!

Амелија Хил (фото ФБ)

Амелија Хил (фото ФБ)

Амелија Хил е девојка која живее на исклучително чуден начин на живот. Таа боледува од ретка болест од која е осетлива на многу работи меѓу кои и компјутерите и безжичниот интернет. Таа веќе пет години живее во една соба во која се наоѓа само еден кревет, јаде шест намирници и носи иста облека. Амелија раскажувајќи за својата болест, вели дека е алергична на 21 век.

Чувствителна е на голем број работи

„Скоро пет години живеам во соба во која се наоѓа само кревет и тоа без душек! Семејството и пријателите можат да разговараат со мене само преку стаклен ѕид, а веќе шест години ја јадам истата храна. Напоменувам дека не сум ниту во затвор ниту сум дел од некој експеримент. Боледувам од хемиска и електромагнетна сензитивност, поради која сум алергична на многу работи, вклучувајќи ги парфемите, материјалите, пластиката, средства за чистење, компјутери и безжична технологија. Се шегувам дека сум алергична на 21 век“, изјавува Амелија.

Единствен начин да живее „нормално“ е во потполност да се изолира од надворешниот свет. Овие симптоми почнале кога имала 15 години и со текот на времето се влошувале. Таа сега има 38 години, а веќе пет години и е тешко да живее во надворешниот свет.

Сега може да прошета до тоалетот

На почетокот и било ужасно тешко, но организмот со текот на време и се навикнал. Денес после пет години единствено што може е повремено да прошета до тоалетот, но само доколку оттаму се отстранети сите хемикалии и парфеми.

Таа вели дека е голем напредок што успеала да излезе на две минути надвор. Нејзините родители ја повозеле со автомобилот, а таа неможела да ја симне насмевката од лицето. Моментално градат сигурна куќа во дворот, каде што ќе има дневна соба, спална соба и основна кујна. Компјутерот го користи многу малку и тоа само да се вклучи на Фејсбук каде става имагинарни статуси за тоа каде би сакала да биде во моментот. Таа е голем романтичар и сака да си најде сопруг, а најтешкиот дел на овој начин на живот и паѓа недостигот на контакти со луѓето. Таа неможе да замисли да живее вака до крајот на животот и верува дека во блиска иднина ќе се најде лек за оваа нејзина болест и ќе ја има венчавката од бајките.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top